TREĆA - Most prijateljstva

Go to content

Main menu:

TREĆA

VIDEO
SASTAVI
Моето патување во Решетари

     За секој патник со вкус, единствен корисен водич ќе биде оној кој сам го напишал. Патувањето од стотици километри започнува со еден чекор. Кога посакувате да видите нешто поинакво, да почувствувате мир во душата заминете во Решетари.
   Патувам и пишувам во мислите. Уживам во живописни долини, планини, високи карпи, разжуборени реки, плодни полиња...Сонцето се скри зад ридовите, во прегратките ги нишкаше хрватските убавини, а јас бев уморен, но задоволен и среќен. Не можете да бидете рамнодушни на гостопримливоста на  домаќините. Ги гледам и душата ми трепери. Длабоко во ноќта си разменивме доживувања со мојот другар Ренато. Се нурнав во сонот. Утредента ме обзема силно чувство на среќа кога го видов богатството од шари на решетарската носија. Но се почуствував и гордо кога облечен во носија го заиграв македонското оро. Традиција и богатство од детали. Нашите срца заедно чукаа на патрониот празник на училиштето „Анте Старчевиќ“. Бев дел од заедничка работилница. Изработивме хрватско-македонски сликовен речник. Морници ме лазеа по телото кога застанав пред споменикот на Тоше Проевски. Ја допирам плочата, ја чувствувам големината на еден прерано згаснат живот. Мојата авантура продолжи низ улиците на Нова Градишка. Слушав за хрватските бранители, но уникатна привлечност дава топот пред „Домот на хрватските бранители“. Адреналинот расте кога шеташ низ прекрасниот Загреб. Овој град е вистинска туристичка атракција. За момент во моите очи блесна убавината на  загребската катедрала. Гледам и уживам, ѕиркам во секој агол. Ова доживување не би било посебно ако не чекоревме по плоштадот „Бан Јелачиќ“. Прекрасна глетка, вистинска магија, чудесна убавина. Насекаде околу мене прекрасни градби. Мил поглед за нашите очи. Повторно се најдовме во прегратките на убавото Решетари. Во длабочината на детската душа се раѓаа пријателства. Ги гледам насмевките на нашите домаќини, а потајно се подготвувам за разделба.
   Ова патување, дружење, топлина, трепет те прави да бидеш чекор пред другите и да ги откриеш тајните на пријателството. Да чекориш по мост на пријателство е светлина кон која одиме во животот, а факелот со кој ја осветлуваме е во нашето срце со искрена желба за повторна средба.

                                             Хрватско поднебје
 Додека раните утрински мугри расцветуваа и го красеа македонското небо, македонското поднебје, нашите мисли веќе летаа кон преубавата Хрватска. Мугрите не носеа кон патот на убавото Решетари.
   Дојде времето кога сите се собравме како пчелки на цвет, сите возбудени и среќни, затоа што знаевме дека се упатувавме на цвет којшто ќе не угости на најдобар можен начин и ќе ни ги пружи сите барања кои ни се потребни. Патувањето започна, а во него влезе и авантура која засекогаш ќе биде врежана во нашите сеќавања и срца. Долгиот пат не претставуваше никаков замор кај било кого од нас, затоа што возбудата која што се наоѓаше во нас не` натера да заборавиме на се` останато. Самата граница на преубавата Хрватска, ги поттикна пеперугите да се појават во нашите стомаци. Пчелките на следниот цвет, беа пристигнати пред училиштето, сите весели не` угостија во своите домови. Раното хрватско утро, не подготви за приредбата во која го покажавме нашиот, македонски, прекрасен фолклор. 26 мај беше патронен празник за основното училиште Анте Стaрчевиќ. Заминавме за Нова Градишка, град во близина на Решетари. Сите погледи кои Нова Градишка ги крие во себе , се слики кои постојано ни се вртеа во главата и ни ги враќаа прекрасните спомени од нашето доживување на другиот цвет. Не забележавме кога денот заврши, не забележавме кога сонцето зататни во длабочините на запад, а месечината и ѕвездите започнале да го создаваат нивното имагинарно сјаење на вишното небо. Следниот ден секој од нас го очекуваше со нетрпение, затоа што Загреб ги повикуваше пчелите да заминат на листовите кои се наоѓаат во него. Загреб е град кој нуди имагинарни погледи, имагинари слики кои многу тешко се забораваат. Самите градби, споменици, самите случки и доживеани авантури го красеа уште повеќе предпоследниот ден од нашето слетување на цветот. И да, дојде последниот ден, дојде денот кога моравме да се раделиме едни од други, но знаевме дека сите завземавме место во сечие срце, сите знаевме и дека Решетари е место кое ни завзема скришни места во нашите срца  го побуди копнежот токму кога патот не повикуваше кон нашата родена татковина, нашата Македонија.
   А љубовта, беше мирна како кротко јагне, молчалива и тивка, но сепак, секој од нас знаеше чии очи и срце зазедоа некое скришно место во расцветувањето на нова љубов во срцето, секој знаеше кого гледаше со посебно значење.
И сите дадоа ветување ќе се видиме повторно.
                                                                                  Сара Ѓорѓиевска 8а одд.

Духот на славонската убавина-Хрватска
          Се' се буди, се' се разубавува и бликнува. Ранобудниците се први градители, први подржувачи на овој мост на љубовта. Мост на кој цути пријателството. Тој мост е една нераскинлива врска која ги поврзува далечините и луѓето сокриени во нив. Преминува преку ридови и планини, преку разни води и стрмни долини. И со трпение ни отвора можност за дружба, можност за соединување на две прекрасни држави. Толку далечни, а сепак блиски.
          Сонцето секаде на исток се буди и после секој напотрен ден, си го бара мирот таму некаде на запад. Птиците секаде ја пејат таа милозвучна синфонија. Булките опиваат со својата убавина, каде и да се наоѓаат. Но, сепак постојат разлики. Сепак некои нешта не прават посебни. А, тој мост е една можност да се запознаеме со Хрватска, духот на славонската убавина.
           Заминавме кон Хрватска, застанавме во една прекрасна општина. Општина која ме потсетува на мојот Илинден. Таа општина е Решетари. Луѓето кои живеат во неа се исполнети со љубов, дружељубивост, нивнитее лица ги красат прекрасни насмевки низ која се притајува некоја неизбежна среќа.
           Пречекот беше одличен, иако доцна сепак задоволството беше на високо ниво. Заминавме во домовите каде не пречекаа домаќините. Се сместивме и одморивме од патот.  Петок, нов ден со нови можности за средба и дружба со децата. Кога станавме веднаш појадувавме и заминавме кон училиштето каде учество земавме во приредбата која беше организирана од нивна страна. Приредбата помина одлично. Од таму заминавме за Нова Градишка, каде го посетивме споменикот на Тоше и средното училиште. Прошетавме и низ центарот и го посетивме музејот направен во спомен на војната од 1991 година. А од таму имавме и слободно попладне кое го проследивме со дружба помеѓу децата од Илинден и од Решетари, се забавувавме и се беше во најдобар ред.
           Помина и тој незаборавен ден, саботата ја започнавме со повторна средба и заминавме за главниот град, а воедно и метропола на Хрватска- Загреб. Загреб е преубав град, град низ кој се испишани разни идентични градби. Низ кој тече еден коловоз од најразлични луге кои забрзано се движат пеш, но и користејки ги и услугите на транваите. Поминавме низ центарот низ кој имаше парада и свечено претставување и прославување на Денот на војската. Ја посетивме и катедралата која се наоѓаше во близина, а од таму ја посетивме и тврдината. Уживавме!
           Убавите нешта кратко траат. Дојде недела, ден на разделба. Утро кое помина со тажни разделби и утешни насмевки кои наговестуваа нови средби. Си појдовме накај дома. Патувавме, патувавме и накратно успеавме да застанеме во Србија и го видиме и Белград. А од таму патот си го продолживме, патувајќи кон Илинден.
Елеонора Петковска 8а одд.

Впечатоци од моето патување во Решетари
Од сите патувања преку училиште мислам дека ова е едно од поубавите кое никогаш нема  да се заборави. Ќе ја паметам секоја помината минута, секја случка, секој настан кој беше дел од ова доживување.До последна секунда имавме безкрајна надеж и огромна желба.. Се подготвувавме претходно.  Конечно, дојде и тој ден, долгоочекуваниот четврток, денот кога требаше да го довршиме проектот "Мост на пријателство".  И конечно. Радосни и полни со ведрина, весели што ќе тргнеме, што повторно ќе се видиме со нашите пријатели таму со кои се запознавме кога тие дојдоа тука, се поздравивме со нашите најблиски се качивме во минибусот и тргнавме. Патувавме, се забавувавме, застанувавме на неколку места и правевме паузи.Патувавме долго и речиси секој од нас едвај чекаше да стигнеме, а штом ја поминавме хрватската граница, нетрпеливоста и возбуденоста растеа.Веќе беше доцна, но тоа не пречеше да бидеме пречекани  со насмевки љубезност и едно топло големо добредојде. Беше доцна и затоа веднаш се упативме кон домовите кај кои требаше да престојуваме. Утрото станавме рано и отидовме во училиштето. Таму имавме работилница, а потоа следеше приредбата. На приредбата учество имавме и ние, а по завршетокот го посетивме споменикот на  нашиот Тоше. По ручекот заминавме на прошетка низ Нова Градишка. Шетавме, се дружевме со децата, а потоа посетивме и музеј. Од целиот ден мислам дека најинтересно беше возењето со  кочија низ Решетари. Денот беш исполнет со прекрасни мигови, со позитивна енергија, со насмеани лица..
Сето тоа беше заокружено со забавата што ни ја приредија децата домаќини кај кои престојувавме. Се беше преубаво. Следниот ден го посетивме Загреб.Навистина имаше многу работи што можеа да се видат.Од катедралата, ша се до преубавите градби, плоштад, споменици и сите останати работи. Се сликавме, затоа што знаевме дека подоцна тие слики ќе говорат за поминатите моменти..Во сета разгледба ни помогна и туристичкиот водич кој за се детално ни објаснуваше. Цел ден шетавме. За назад наминавме во трговскиот центар, каде што секој од нас си купи одредени нешта.Вечерта, сите деца бевме во пицерија во Нова Градишка. Знаевме дека ова е последно пред утрешната разделба. Броените денови брзо минуваат... Се помина премногу брзо, а сепак прекрасно. Следниот утро  се собразвме пред училиштето. Моментот за разделба се повеќе се приближуваше до нас. А ние, пак, како да сакавме да го стопреме времето, да останеме барем уште малку. Со солзи се разделивме, се поздравивме и околу 10часот заминавме. Сето ова беше едно доживување исполнето со убави мигови на кои долго ќе се сеќаваме..
Стефанија Мирковска 8б одд.
1  2  3...
Back to content | Back to main menu