Мост на пријателство

Go to content

Main menu:

Добредојдовте !!!


Проектот „Мост на пријателството: Илинден – Решетари“ го спроведуваат ОУ „Анте Старчевиќ“ од Решетари, Р. Хрватска, во партнерство со Општинското основно училиште „Гоце Делчев“ од Илинден од Р. Македонија.
 
Финансиските средства за реализација на проектот ги обезбедуваат Општина Решетари и Општина Илинден.
 
ОСТАНАТИ УЧЕСНИЦИ ВО ПРОЕКТОТ: Заедницата на Хрватите во Република Македонија, Хрватската амбасада во Македонија , Хрватска матица на иселеници-Загреб.
 
ТРАЕЊЕ НА ПРОЕКТОТ:
-       од јануари до јуни 2017. година.
 
ЦЕЛИ НА ПРОЕКТОТ:
 
-        размена на разбирање и почитување на различните култури, на културното наследство на        местото, на родниот крај, на татковината како што се: фолклор, музика,традиција и обичаи;
-       запознавање со другите  образовни системи;
-       поттикнување на мобилноста на учениците и наставниците;
-       размена на европска соработка  во областа  на образованието.
 
 
КРАТОК ОПИС НА ПРОЕКТОТ И АКТИВНОСТИТЕ:
 
 Билатералната размена би вклучила десетина ученици од  8 и 9 одделение од Република Македонија и 7 и 8 одделение од Република Хрватска, кои ќе  имаат  можност да ги запознаат своите врсници, склучат нови пријателства и ги прошират своите видици. Секое училиште го претставува културното наследство на својот народ ( споменици, географска местоположба, фолклор, традиција), туристички атракции и историски знаменитости. Со овозможувањето  на заедничките активности и  со утврдувањето и воочување на сличности и разликите на тие заеднички вредности, размената би тежнеела кон неформално и интеркултурално учење на учениците.
-       Работата на проектот и размената на учениците и наставниците на двете училишта би ја  грарандирала иднината  на повелбата за пријателство на двете општини: Општина Решетари и Општина Илинден.
-       Продолжувањето на оваа сорботка помеѓу двете училишта и двете општини се очекува и во следните години.
 
 
РАЗМЕНАТА НА УЧЕНИЦИТЕ И НАСТАВНИЦИТЕ:
 
Во април 2017година, учениците во придружба на наствници од Решетари, ќе престојуват 4-5 дена во Република Македонија, а во мај/јуни 2017 г. учениците од Република Македонија, во придружба на наставници, ќе престојуват во Република Хрватска. 

Back to content | Back to main menu